Евроволеј 26: Франција и Романија ги почнуваат четвртфиналните битки

27
фото: CEV.eu

Познати се сите четвртфинални двојки на Европското првенство во одбојка 2026, откако синоќа беше комплетиран списокот на најдобрите осум репрезентации.

Во првиот четвртфинален ден, денеска ќе се играат два натпревари во Софија. Од 15 часот Франција ќе се соочи со Романија, додека од 18 часот е дуелот меѓу Полска и Германија.

Франција до четвртфиналето стигна по убедливите 3:0 против Португалија, додека Романија испиша историја со елиминацијата на Украина.

Полска, пак, без загубен сет ја совлада Летонија, додека Германија по голема драма и пет сета ја елиминираше Бугарија.

Во среда програмата продолжува во Торино. Од 16 часот Белгија ќе игра против Словенија, а вечерта од 21:05 часот Италија ќе се сретне со Финска.

Белгија до оваа фаза стигна со победа над Чешка од 3:1, додека Словенија беше убедлива против Србија со 3:0.

Особено интересен ќе биде дуелот Италија – Финска. Актуелниот европски шампион Италија ќе игра против Финска, која направи голем пресврт против Грција и славеше со 3:2.

Четвртфиналните победници ќе обезбедат место на завршниот турнир во Милано, каде полуфиналињата ќе се играат на 25 септември, а финалето и мечот за бронза се закажани за 26 септември.

ПретходноМеси го претстави специјалниот дрес со кој ќе го одигра последниот натпревар за Аргентина (ВИДЕО)
СледноТотенхем му верува на Де Зерби, засега не размислува за тренерска смена