Одбојкарската репрезентација на Словенија повторно е меѓу најдобрите четири репрезентации на Европското првенство. Словеницте попладнево во четвртфиналето ја совлада Белгија со 3:1 (25:22, 25:22, 20:25, 25:13) и им се приклучија на Полска и Франција во полуфиналната група.
Словенците имаа одличен старт и поведоа со 2:0 во сетови, по што Белгија успеа да намали на 2:1. Сепак, во четвртиот сет Словенија доминираше и со убедливи 25:13 го завери пласманот во полуфиналето.
Ова е четврто последователно Европско првенство на кое Словенија стигнува до полуфиналето. На претходните три шампионати освои две сребрени и една бронзена медалја. Во полуфиналето Словенија ќе игра против актуелниот европски шампион Полска.










