Така се игра дома: Струга ТЛ на свој терен сезонава има “пет од пет“ и гол-разлика 15:0!

61

Струга ТЛ завчера во меч од 8.коло во тековната сезона успеа со 6:0 да го победи Арсими. Веројатно ова беше најдобрата партија на тимот откако на клупата е Бледи Шкемби. И поради тие 6:0, но и поради шансите, поништениот гол, зицерите, реално резултатот можеше да биде изразен со 10:0. Сепак треба да се каже дека гостите нешто помалку од половина час играа со играч помалку, ама тоа никако не може да ја намали победата на стружани, посебно ако се знае дека тие шет голови беа постигнати за 31 минути, значи во просек на секој пет минути се тресеше мрежата на гостите, од 57. до 88. минута. Радески ја отвори серијата, постигна хет-трик, а ја затвори капитенот Шабани.

Ова беше петти меч сезонава на Струга ТЛ на свој терен и петта победа. Импресивно е ако се знае дека на тие пет меча Радески, Малески, Шабани и другите постигнле 15 голови а не примиле ниту еден. Значи перфекција, од ова не може подобро.

Победени се Шкендија (А) со 3:0, Вардар со 1:0, Брегалница со 4:0, Силекс со 1:0 и Арсими со 6:0. Пет меча, пет победи, 15 бодови и гол разлика 15:0. Тоа е совршенство.

Инаку Струга ТЛ вкупно има 17 бодови е и само на -2 бода во однос на лидерот Шкендија. Стружани на гости имаат три меча, две ремија и еден пораз од Шкендија. Па така ако дома газат, тогаш на гости досега немаат победа. Најблиску до три бода беа на мечот со Скопје на ФФМ кој заврши 1:1, ама во првото полувреме требаше да биде, според шансите, најмалку 0:5. Единствено беа надиграни од Шкендија на ФФМ во дербито а со Тиквеш во Кавадарци иако имаа водство од 1:2, сепак на крајот овој меч заврши со реални 2:2.

Ова кажува дека Струга ТЛ мора да најде начин да победува и на гости, се разбира ако сака и по третпат во својата историја да ја донесе титулата во својот град.

Претходно„Војна“ од невидени размери во Шпанија: Претседателот на Ла Лига остро му одговори на Реал
СледноБарса ГАЗИ, ама Лапорта и Деко сепак имаат замерки за работата на Флик?!