Јашар: Секој меч од ПМФЛ треба да се сфати максимално

45

Иако малку неочекувано, со оглед на фактот дека е репрезенаттивна пауза, сепак, ПМФЛ шампионатот  денеска има меч на програмата. Во Штип, домаќинот Брегалница ќе игра против екипата на Скопје во вечерен термин од 18:00 часот.

Во Штип сезонава прволигашкиот фудбал е под рефлектори, а домаќинот сите мечеви ги сфаќа сериозно и одговорно без разлика на противникот.

„Важен натпревар за нас и за нашата публика, нашите навивачи. После овој меч има одмор каде што ќе можеме добро да се подготвиме за остатокот од сезоната. Но, сега сме максимално фокусирани кон дуелот со Скопје. Скопје е клуб кој треба да се почитува. Нема лесен противник во Првата лига, тоа го видовме во овие седум досегашни натпревари. Сите екипи заслужуваат респект. Ние влегуваме фокусирани 100 проценти, и ќе дадеме се од себе на крајот да се радува градот Штип и нашите навивачи“, рече Амир Јашар, голманот на Брегалница.

 

ПретходноПрв потег на Јирген Клоп – Германија на нозе!
СледноАртета и Арсенал подготвуваат нова „бомба“ во јануари