Не случајно на нашата најдобра фудбалска судијка, Ива Пројковска, и беше доделена задачата да го суди дуелот од женската верзија на Лигата на Шампионите, помеѓу екипите на Реал Мадрид и ПСЖ.
Дуелот одигран на стадионот Алфредо Ди Стефано во Мадрид, Пројковска го одсуде перфектно, а истиот заврши со реми 1:1.
Овој дуел се одигра во рамките од првото коло на ова натпреварување, и сигурни сме дека Пројковска тукушто започна со делење на правдата во истото. И дека добербата со оглед на авторитетот и квалитетот кој што го покажува судиската организација при УЕФА допрва ќе и ја доверува.










