Официјално: Одложен стартот на новата сезона во АБА и АБА2 лигата

66
ФОТО:.facebook.com/ABALiga.jtd/

Стартот на новата сезона во АБА и АБА 2 лигата е одложен. Одлуката е донесена на состанокот на членовите на АБА лигата со 11 гласа „за“ и еден воздржан, а дополнително ќе биде објавено кога и како ќе продолжи натпреварувањето.

Првите натпревари од новата сезона беа планирани за 25 септември, но по серијата несогласувања околу судиската организација, регионалното натпреварување нема да започне според првично утврдениот календар.

Во официјалното соопштение не се наведени конкретните причини за одложувањето. Сепак, претходно АБА лигата објави дека дошло до проблеми со изборот на судиите, откако дел од арбитрите се откажале од потенцијалниот ангажман.

Според раководството на АБА, на конкурсот за судии се пријавиле 50 арбитри, по што била составена листа од 20 кандидати. Неколку судии потоа се повлекле, откако добиле пораки од адреса која, според АБА, незаконски го користела името на лигата. Поради тоа, најавени се и правни чекори.

Засега нема нов датум за одигрување на натпреварите од првото коло, а од АБА најавија дека јавноста навреме ќе биде информирана за следните чекори.

ПретходноНовиот селектор на Македонија со прва анализа: Не се залажуваме, знам дека пред нас е многу работа!
СледноДеко: Интер не сакаше да преговара за Лаутаро