Стојановски: Сè ќе зависи од нас, од нашата енергија и играта во одбраната

55

Првиот момент за освојување на нова титула, на домашна сцена, која што евентуално ќе ја зголеми и онака богатата ризница медали во витрините на тимот на МЗТ Скопје Аеродром, ќе се случи веќе следниов викенд на самиот старт на новата кошаркарска сезона кај нас.

На програмата е Суперкупот каде што „штрковите“ ќе се сретнат со тимот на МКК КУманово.

Популарно нареченото натпреварувње, „Драган Василов – Цевка 2026“, ќе го има своето најново издание в сабота, од 18:00 часот, во спортската сала во Куманово,

Капитенот на МЗТ Скопје Аеродром, Дамјан Стојановски, очекува тимот да покаже енергија и квалитетна игра во одбраната, кои според него ќе бидат меѓу клучните фактори за исходот на натпреварот.

„Новата сезона, во која имаме голем број на обврски, ја започнуваме овој викенд со натпреварот од Суперкупот. Полека се подготвуваме за тоа и мислам дека сè ќе зависи од нас. Од нашата енергија, пред сè, и од играта во одбраната. Мислам дека ќе се прикажеме во добро светло и дека ќе победиме“, вели капитенот на МЗТ Скопје Аеродром.

ПретходноЧеферин повторно удри по Инфантино: “Наша работа е да ја вратиме довербата…“
СледноРустемоски со историска бронза на ЕП во Софија