Новиот селектор на ракометарките открива каква Македонија сака да изгради

97

Од денеска до сабота во СЦ „Билјанини Извори“ ќе се одржи новото издание на „Трофеј“ Македонија, покрај нашата репрезентација ќе учествуваат селекциите на Србија, Хрватска и Црна Гора.

Прв противник на новиот селектор Игор Марковиќ ќе биде српската репрезентација, дуелот е закажан со почеток во 18 часот, влезот е слободен.

„Чест ми е што сум во вакво друштво. Прво треба да ја запознаам екипата, петте тренинзи не се доволни за да промениме, дека работевме на борбеност и тактичкиот дел, дела во овие три дена можеме да покажеме се, не верувам. Имам 20 ракометарки на списокот, ќе видиме како ќе искомбинираме“, изјави новиот селектор на Македонија, кој додаде: 

„Сакам да играм брз ракомет, на тоа ќе тежнеам. Репрезентацијата нема висина за 6-0, мора да трчаме многу и сакам да пробаме игра „седум на шест“, тоа е некоја моја идеја за октомври и за Европското првенство, па ќе видиме“.  

ИЗЈАВИ НА ОСТАНАТИТЕ УЧЕСНИЦИ

„Чест и задоволство што сум тука. Дојдовме во подмладен состав, многу ми е мило што е така, што ќе имаат шанса да покажат што можат. Овој турнир е многу вреден за нас, ќе видиме што можеме и до каде сме, особено пред Европското првенство“, изјави Драгана Цвијиќ, која своевремено го носеше дресот на ЖРК Вардар.

„Убаво е што можеме да собереме сите на едно место од балканот, а истовреме да ги одмериме силите и да видиме до каде сме. Во составот имаме јуниорки и кадетки, кои направија одличен резултат. Сакаме да им дадеме шанса, да видиме што можеме да очекуваме од нив на ЕП“, изјави Сузана Лазовиќ, селекторот на Црна Гора.

„Ги поздравувам учесниците, селекторите, организаторите, како и самиот турнир. Ќе имаме комбиниран состав. Не сме Данска, ниту Норвешка…имаме јуниорки, сениорки кои претходно настапија…Три меча во три дена се многу, но ќе видиме кој колку ќе игра на сите натпревари. Во секој случај е вистински тест за девојките, да видиме колку можат да одговорат на овој предизвик, ова ќе биде шанса за да се изборат за место на Европското првенство. Сите ќе имаме корист од Трофеј Македонија“, изјави Ивица Обрван. 

 

ПретходноДенеска се играат мечеви од ВМФЛ и Купот на Македонија
СледноАнгеловски со своите помошници на кафе – муабет со легендарниот голман на Вардар