Ангеловски со своите помошници на кафе – муабет со легендарниот голман на Вардар

195

Вчера во Баку во пријателски натпревар, Азербејџан со 1.0 го совлада “македонскиот“ Таџикистан. Велиме “македонскиот“ со оглед на тоа дека на селектор на оваа репрезентација е некогашниот предводник на селекцијата на Македонија, Игор Ангеловски Мрме, а негови помошници се Милан Илиевски и Иван Јовановски.

По средбата Мрме заедно со своите соработници, имаше средба или кафе – муабет со легендарниот голман на Вардар, Муарем Зекир, кој сега во Азербејџан работи како тренер на голмани во младинската екипа на Карабах, каде е со години.

Јасно е дека темата беше фудбалот, а што може да биде друго кога на една маса се фудбалски луѓе.

ПретходноНовиот селектор на ракометарките открива каква Македонија сака да изгради
СледноЏеков: Клучни ќе бидат дефанзивата, агресивноста и пристапот против Швајцарија