Раководството на ОФМ на Генералното собрание на ЦЕВ во Милано

30
фото: Одбојкарска федерација на Македонија (FB)

Претседателот на Одбојкарската федерација на Македонија, Петар Јовановски, и генералниот секретар Филип Деспотовски учествуваат на 47. Генерално собрание на Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ), кое се одржува во Милано, Италија.

Јовановски претходно присуствуваше и на состанокот на Бордот на ЦЕВ, додека во текот на денот претставниците на македонската федерација ќе учествуваат и на состанокот на Балканската одбојкарска асоцијација (БВА).

Програмата предвидува и работни средби со претставници на други национални федерации, со цел размена на искуства и разговори за актуелните прашања во европската одбојка. Делегацијата на ОФМ ќе ги следи и завршните натпревари од Европското првенство за мажи, вклучувајќи ги полуфиналето и финалето на континенталниот шампионат.

ПретходноМитевска го предаде четвртфиналето на Европското првенство поради повреда
СледноГРК Охрид двапати ќе биде домаќин против Спорт Тото