ГРК Охрид двапати ќе биде домаќин против Спорт Тото

46

Ракометарите на ГРК Охрид ќе имаат предност на домашен терен во двомечот од второто коло на ЕХФ Европскиот куп, откако е договорено двата натпревари против турскиот Спор Тото СК да се одиграат во Охрид.

Средбите ќе се играат на 23 и 24 октомври, со почеток во 18:30 часот, во спортската сала „Билјанини извори“.

Охриѓани така ќе имаат можност пред домашната публика да го одиграат целиот двомеч и да се обидат да обезбедат пласман во следната фаза од европското натпреварување, каде оваа сезона ја имаат улогата на бранител на трофејот.

ПретходноРаководството на ОФМ на Генералното собрание на ЦЕВ во Милано
СледноТИМ И ИГРАЧ НА 8.КОЛО: Радески со хет-трик го “поздрави“ Арсими