Иако веќе неколку дена има пауза во мак – фудбалот поради настапите на нашата репрезентција во Лигата на Нации, сепак денеска ќе се одиграат два меча во ВМФЛ и еден во Купот на Македонија.
Имено од 15:30 часот се играат одложените средби од 2.коло во ВМФЛ меѓу Тетекс – Работнички и Детонит – Охрид, а во Купот на Македонија ќе се одигра меч од 1/16 фиалето или првото коло меѓу Могила и Арсими, и овој меч се игра од 15:30 часот.
Да потсетиме дека во октомври се играат уште две средби од ова коло во Купот и тоа Кросу Спорт Битола – Тиквеш и Вардар (Н) – Работнички.
Досега во следната фаза, во 1/8 фиалето се пласираа Силекс, Струга ТЛ, Пелистер, Македонија ЃП, Брера, Вардар, Башкими, Шкендија (А), Саса, Скопје, Новаци, Беласица и Брегалница.










