ЕХФ со опомена за РК Вардар по повод мини инцидентот на дуелот со Нант

96

Скопската пред се, но и македонската, овој период ќе живее во духот на ракоментата Лига на Шампиони, со настапите на РК Вардар.

„Црвено – црните“ веќе одиграа две кола, од кое едното на домашен терен. Спектаклот против Нант ќе се прераскажува, пред се поради атмосферата, во која за жал имаше еден мини инцидент кој што е нотиран од страна на делегатот, а потоа и од надлежните институции при ЕХФ.

Па така, денеска на адресата на РК Вардар пристигна опомена со која му се налага на клубот повеќе да внимава што се вели на ваквиот вид на појави, затоа што следната ќе сноси и адекватна санкција, односно казна.

„Атмосферата на натпреварот против Нант беше наш вистински сојузник на теренот и најубава слика која таа вечер ја испративме од Скопје во цела ракометна Европа.
Меѓутоа, играњето во ракометната елита, покрај задоволството носи и одговорност, нешто кон кое мора да се придржуваме за доброто на нашиот Вардар.
Со секоја лоша постапка се урива токму таа слика која сакаме и се трудиме заедно да ја изградиме а покрај тоа клубот трпи и големи ригорозни, финансиски казни. За жал токму на натпреварот против Нант бевме сведоци на таков немил инцидент, кога од страна на поединци на теренот беа фрлени забранети средства, поради што од седиштето на ЕХФ до клубот пристигна опомена, која доколку на наредните натпревари се повтори слична постапка ќе значи и големи казни за клубот.
Вие сте најголемата сила на Вардар, вашата поддршка е тоа што во битките, особено во Скопје ни дава посебна сила и мотив, затоа да го бодриме клубот достоинствено и со почит кон противникот и сите присутни во салата“ – се вели во објавата на РК Вардар.

ПретходноСтартува Лигата на Нации: Дуел на гигантите – Холандија VS Германија
СледноГрег Попович се ожени на 78.години