Зидан тргна со победа, ама сите погледи се кон коленото на Мбапе! Италија со пораз во Рим

226
ФОТО:printscreen

Нема да има мирна ноќ во таборот на Франција, уште помалку во Реал Мадрид. Имено Зинедин Зидан како селектор на “триколорите“ тргна со победа, но сите погледи се свртени кон коленото на Килијан Мбапе. Мега – ѕвездата на Реал и Франција, во 54.минута погоди за тие 0:1, но се повреди, коленото страдаше.

Мораше да го напушти теренот, но сепак и без него Франција ја победи Турција во Кочаели со 0:1 во 1.коло од А Лигата на Нации.

Ништо ново од “новата“ Италија. Пораз на повратникот на клупата Роберто Манчини среде Рим на Олимпико со 0:2 од Белгија. Стрелци на головите беа Готдс и Лукебакио.

Во Б Лигата на Нации, селекцијата на Украина славеше со 0:1 на гостувањето кај Украина со голот на Сикан. БиХ одигра без голови кај Полска, а Шведска со 2:1 ја победи Романија. Стрелци беа Исак и Ѓокереш.

И во Ц Лигата на Нации Црна Гора го победи Кипар со 2:1.

ПретходноКими е лут на себе по киксот во Баку!
СледноПартизан со победнички старт во Евролигата, Шортс блескаше во победата на Валенсија