Расел ќе тргне прв на утрешната Формула 1 трка во Азербејџан

90

На денешните официјални квалификации за утрешната Формула 1 трка која што ќе се одржи во Баку, Азербејџан, Џорџ Расел ја освои пол позицијата и ќе стартува како прв.

Британецот со време од 1:42.526 покажа како се возат успешно едни квалификации на улична трка како што е оваа во Баку.

Втор со заостанување од 837 делови од секундата се пласираше Шарл Леклер, а под една секунда заостанување заврши и Оскар Пјастри.

Оваа трка ќе се одржи во неконвецниоанлен термин барем што се однесува до Формула 1 трките кои што се возат во најголем дел во недела. Трката стартува утре во 13:00 часот.

 

ПретходноДисциплинска комисија при ФФM: Вардар повторно на „тапет“, слаба организација на мечот со Арачиново
СледноТолку од Муарем Муарем како тренер на Скопје