Последнопласираниот тим на ПМФЛ табелата, екипата на Скопје во оваа репрезентативна пауза остана без тренер.
Муарем Муарем преку социјалните мрежи предмалку објави дека се разделува со клубот од Автокоманда, и на „Пиратите“ им посакува се најдобро во преостанатиот дел од шампионатот.
За потсетување, Скопје во моментов има само три освоени бода по осум одиграни мечеви, и е на последната десетта позиција на табелата.
Тоа е клубот, кој што оваа сезона се пласираше ранг погоре, односно е повратник во елитата, но очигледно дека ќе има проблеми да остане со овој статус.
















