Уште една победа, и тоа на гости вечерва, за составот на Алкалоид, за “четири од четири“ во новата сезона во нашата ракометна лига. Составот на стратегот Кирил Лазаров вечерва славеше кај Младост во Богданци со 24:32.
Од стартот на средбата, Алкалоид покажа кој е кој. Поведе со 0:2, 1:3, но домашните покажаа “заби“ што се вели па во 9.минута израмнија на 3:3. Сепак од тој момент како гостите да префрлија во повисока брзина, па на крајот прашање беше само со колкава разлика ќе победи тимот на Лазаров. На полувреме беше 12:19.
Во второто полувреме иста слика на теренот. И покрај тоа што Лазаров комбинираше со составот, неговиот тим не ја испушташе предноста, во еден момент таа изнесуваше и +12 разлика, за да на крајот конешнит резултат беше 24:32.
Борзаш со пет голови беше најефикасен кај Алкалоид, по четири голови запишаа Тордарсон и Костески.
Кај домашните Бојаниќ со седум голови беше најефикасен на средбата.
Во исто време се играше и средбата Струга – Бутел, во која славеа домашните со 26:24.
Јукиќ и Георгиевски запишаа по шест голови кај домашните, додека кај гоститите Ѓеоргиевски погоди девет пати.










