Познати се официјалните стартни состави за вечерашниот меч од 1.коло во грпата 1 во Б Лигата на Нации меѓу Македонија и Швајцарија, кој е закажан за вечерва од 20:45 часот на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје.
И двајцата селектори, Гоце Седлоски и Мурат Јакин, ги „открија картите“ што се вели.
Па така Македонија ќе почне со:
Димитриевски, Илиевски, Херера, Зајков, Муслиу, Елмас, Миовски, Барди, Гаштаров, Растодер, Костадинов.
Ова значи дека Матеј Гаштаров ќе биде стартер во своето деби за Македонија.
Од друга страна селекција на Швајцарија ово меч ќе го започне со следните единаесетмина:
Кобел, Елведи, Аканџи, Фројрел, Манзамби, Амдуини, Ндоје, Родригез, Јашари, Атекаме, Ридер.










