Суперкуп „Драган Василов – Цевка 2026“ – Васко Атанасов: „Одлично издание на мојот тим, особено во второто полувреме“

48

Шефот на стручниот штаб на МЗТ Скопје Аеродром, Васко Атанасов, по победата над МКК Куманово со 70:68 и освојувањето на Суперкупот „Драган Василов – Цевка“, ги сподели впечатоците од натпреварот и настапот на својот тим.

„Еден доста добар натпревар, интересен за играње и за гледање. Знаеме колку Куманово се избори да го има домаќинството во Суперкупот, се надевам бевме добри гости. За нас, ова беше една важна победа на старт на сезоната како што планиравме. Кажав и пред неколку дена, тука дојдовме да играме добра кошарка. МЗТ игра најдобро во гости, освојува трофеи на гости. Така што ова беше едно одлично издание на мојот тим, посебно во второто полувреме, иако без помошта на Војдан и Каракам кои беа најдобри играчи. Сите кои влегоа во игра дадоа свој придонес и задоволен сум.“

Лука Стојановски: „Ова беше добар старт за нас“

Играчот на МЗТ Скопје Аеродром, Лука Стојановски, по натпреварот го истакна тешкиот амбиент и карактерот што го покажа тимот во завршницата.

„Игравме во пеколна атмосфера, ова беше сериозно тежок меч. Можеби требаше да заврши со повеќе разлика, но на крајот ја остваривме посакуваната победа. Ова беше добар старт за нас и добра подготовка за следните предизвици. Се надевам на уште повеќе победи и да играме паметно како што треба.“

ПретходноИлоски со хет трик потсети колку може….Америка го следи, а Македонија нема да моли никого!? (ВИДЕО)
СледноПотпишана „Охридска декларација“ за подобра ракометна иднина за генерациите што доаѓаат!