Со Словенија ќе ни суди Андреа Коломбо, му судеше на Елмас пред три недели

54
ФОТО:maltasport.mt/

По онаа катастрофа и бламажа синоќа со Швајцарија, која долго ќе ја паметиме, веќе во вторник во Љубљана избраниците на селекторот Гоце Седлоски ги чека нов предизвик. Меч од 2.коло во групата 1 во Б Лигата на Нации и тоа против Словенија.

Познато е кој ќе ја дели правдата, тоа е Андреа Коломбо од Италија. Судија кој е во подем и еден од најдобрите млади судии во тамошниот фудбал.

Интересно е тоа што тој има испишано историја. Имено тој е прв судија во Серија А кој носел камера на телото и тоа на мечот Јувентус – Интер минатата година.

Исто така интересно е што пред три недели му судеше на Елиф Елмас на мечот Рома – Аталанта (2:1).

Во Љубљана негови помошници ќе бидат Џовани Бацимни, Валерио Колароси и Матео Маркети. Во ВАР собата ќе бидат Михаел Фабри и Федерико ла Пења, сите од Италија.

Претходно„Верувајте во оваа репрезентација и во оваа млада генерација“
СледноИлоски со хет трик потсети колку може….Америка го следи, а Македонија нема да моли никого!? (ВИДЕО)