Јакимовски со 16 поени му ја донесе првата победа на Наполи

1

Андреј Јакимовски го одигра првиот официјален натпревар во дресот на Наполи во новата сезона во италијанската Серија А. Македонскиот репрезентативец ова лето направи трансфер од Тренто и доби нов предизвик во амбициозниот состав на тренерот Јасмин Репеша.

Јакимовски на денешниот натпревар со екипата на максима Рома играше одлично, постигна 16 поени и беше трет стрелец во победничкиот тим. Наполи славеше со 94:75 на денешното гостување.

Јакимовски исто така запиша и 2 скока и исто толку асистенции за околу 24 минути поминати на паркетот.

Наполи во новата сезона влезе со значително изменет ростер, а Јакимовски е меѓу летните засилувања заедно со имиња како Марко Спишу, Џеф Даутин, Џек Вајт и Џамиус Ремзи.

ПретходноЛН: Србија поразена и од Холандија, Австрија убедлива против Косово