Ирската фудбалска репрезентација предизвика големо медиумско внимание со потегот пред натпреварот против Израел вечерва во Лигата на нации. Иако Ирците решија да го одиграат натпреварот, пред почетокот одбија да се ракуваат со израелските фудбалери.
Изостана и вообичаениот поздрав меѓу капитените, па Дара О’Шеј не се ракуваше со израелскиот капитен Манор Соломон. Ирските репрезентативци настапија и со црни ленти на рацете, како знак на почит кон сите жртви во конфликтот во кој воено е инволвиран Израел.
Повеќе од 160 ирски спортисти претходно потпишаа отворено писмо со барање да се преиспита одлуката за одигрување на средбите со Израел.
Ireland captain Dara O Shea refuses to shake Manor Solomon’s hand well done Dara #irelandisrael pic.twitter.com/XFONhQB4Qv
— Leeds United Ireland (@leeds2023456) September 27, 2026










