Мерцедес го престигна Ферари на вечната листа на победници во Ф1

55
фото: Mercedes-AMG PETRONAS F1 Team (X) @MercedesAMGF1

Мерцедес испиша нова страница во историјата на Формула 1. По победата на Џорџ Расел на Големата награда на Азербејџан во Баку, германскиот производител стана најуспешниот производител на мотори во историјата на шампионатот, според бројот на победи.

Моторите на Мерцедес сега имаат вкупно 252 победи, една победа повеќе од Ферари, која досега го држеше рекордот со 251 триумф. Првата победа со мотор на Мерцедес ја оствари легендарниот Хуан Мануел Фанџо на Големата награда на Франција во 1954 година.

Ферари, пак, до првиот триумф стигна три години претходно, во 1951 година, со Хозе Фроилан Гонзалес на Големата награда на Велика Британија.

Со овој историски успех, Мерцедес го презеде врвот на вечната листа и ја потврди својата долгогодишна улога како еден од најуспешните производители во Формула 1.

ПретходноРаботнички се збогува со Милевска, Баталаковска, Ѓурѓевиќ и Балов
СледноНов проблем за Ираола: По Исак, денеска се повреди и Гакпо