По онаа катастрофа и бламажа синоќа со Швајцарија, која долго ќе ја паметиме, веќе во вторник во Љубљана избраниците на селекторот Гоце Седлоски ги чека нов предизвик. Меч од 2.коло во групата 1 во Б Лигата на Нации и тоа против Словенија.
Познато е кој ќе ја дели правдата, тоа е Андреа Коломбо од Италија. Судија кој е во подем и еден од најдобрите млади судии во тамошниот фудбал.
Интересно е тоа што тој има испишано историја. Имено тој е прв судија во Серија А кој носел камера на телото и тоа на мечот Јувентус – Интер минатата година.
Исто така интересно е што пред три недели му судеше на Елиф Елмас на мечот Рома – Аталанта (2:1).
Во Љубљана негови помошници ќе бидат Џовани Бацимни, Валерио Колароси и Матео Маркети. Во ВАР собата ќе бидат Михаел Фабри и Федерико ла Пења, сите од Италија.










