Македонската Дејвис куп репрезентација новата сезона ќе ја стартува со меч на домашен терен против репрезентацијата на Јужна Африка во рамки на Светската група II. Така одлучи ждрепката одржана денеска во Лондон.
Минатата година Јужна Африка постигна победа од 3:2 против Црна Гора на домашен терен, а загуби од Босна и Херцеговина со 4:0.
Ова ќе биде втор меч за македонските тенисери против овој противник, а првиот се одигра на теренот на противникот во Јоханесбург во 2009 година како прв меч во Светската група I. Победа (5:0) на тој дуел постигна Јужна Африка.
Јужна Африка се наоѓа на 59.место на ранг-листа, а Македонија е на 78.та позиција.
Термини за одигрување на дуелот е 5 и 6.февруари или 6 и 7.февруари 2027 година.










