Митровски на свој терен на „Стожице“ – нашиот џокер за крај на црната серија

104

За 1.000.000 евра во летниот преоден рок во 2025 година Димитар Митровски слета во Љубљана и ја облече „десетката“ на Олимпија Љубљана. Фудбалер кој вечерва токму на неговиот терен и пред неговата публика на стадионот “Стожице“ во Љубљана треба да ја предводи Македонија до позитивен резултат и до крај на црната серија без гол која владее од доаѓањето на Гоце Седлоски за селектор на нашиот национален тим. Митровски не е во прв план на новиот селектор, не беше на изминатите тест дуели но со добрите игри и три гола на последните три меча за за Олимпија тој сам си ги отвори портите во националниот тим.

Неговата страотна „левица“ би можела да ни биде од корист. Фудбалерот кој треба да биде нашиот џокер игра дома на теренот каде за неколку часа ќе го одмериме силите со Словенија во новиот дуел од Лигата на нации.

Не цветата рози во нашиот национален тим, не играме како што треба а и резултатите се никакви а голови и заборавивме да даваме. Димитар Митровски со Елиф Елмас како „две десетки“ треба да внесат свежина во средниот ред кој покажа живост на дуелот со Швајцарија токму кога влезе фудбалерот на словенечка Олимпија но и Елези од Сараево. Вечерва имаме послаб противник, тим кој треба да ги залечи досегашните рани и очајна атмосфера и темни облаци кои се надвиснати над нашиот национален тим.

ПретходноВлатко Тасевски: Успешен ракометен викенд во Охрид и силна порака за иднината на женскиот ракомет
СледноРусите згрозени: Четири пенали? Тоа не е фудбал! (ВИДЕО)