Вечерва од 20.45 часот на “Стожице“ во Љубљана, нашата најдобра фудбалска репрезентација во меч од 2.коло во Б Лигата на Нации во групата 1, се среќава со Словенија.
И покрај очајната игра и поразот од 0:3 од Швајцарија во Скопје на сртартот, насмевки меѓу нашите репрезентативци. И тоа е добро, со тоа тие покажуваат дека имаат верба во себе и во своите квалитети.
Е,па, момци – време е за гол(ови), време е за победа.
Треба само да се биде храбар, борбен, максимално мотивиран кога се игра за Македонија.
Само така и само така може да се дојде до првите бодови во Б Лигата на Нации.










