Порзингис повторно повреден, го пропушта стартот на новата сезона

34
фото: Fullcourtpass @Fullcourtpass (X)

Летонскиот репрезентативец и кошаркар на Голден Стејт Вориорс, Кристапс Порзингис, повторно ќе биде надвор од терените на неодреден период. Пред самиот почеток на новата сезона во НБА лигата, стручниот штаб на Голден Стејт објави дека Летонецот нема да биде дел од тренажниот процес поради неутврден здравствен проблем.

Иако во минатиот период имаше информации дека Порзингис е целосно спремен за новата сезона, денеска генералниот менаџер на Голден Стејт, Мајк Данливи соопшти дека тој не е дел од екипата која што тренира и се подготвува за новата сезона.

Познато е дека Порзингис има големи проблеми со повредите во кариерата и ова нема да биде ништо ново за летонскиот кошаркар. Имено, предходната сезона, поради повреди и компликации со вирусни инфекции, Порзингис одигра само 32 натпревари за екипата на Атланта Хокс.

ПретходноМанчини: Игравме супер, а сега е време за мечот со Франција
СледноПремиерлигата потврди: Манчестер Сити е виновен за прекршување на финансиските правила!