Па, добро, како може некој човек да биде толкав слуга на еден режим? Како може еден Александар Шапиќ, некогаш најдобриот ватерполист во светот, гордоста на својата земја и на овој регион, до толку да нема свое човечко достоинство?
Но, така е. Кога си заедно со Александар Вучиќ се е можно, па така и да тепаш беспомошни жени на улица и да и го раскрвавиш носот, барем според оредени медиуми во Србија и според изјавата на несреќната жена. Тоа може, ако било така, само лудак да го стори. А тоа, верувале или не го сторил, токму тој, Шапиќ, актуелниот градоначалник на Белград и член на партијата на Вучиќ. Секако, ако го сторил.
Ова е невиден скандал, и поради ова мора сите, ама баш сите спортисти во Србија, кои нема да го осудат овој чин, да се засрамат.
Ама сите не се Новак Ѓоковиќ, Дејан Бодирога, Жељко Обрадовиќ, Александар Ѓорѓевиќ, Немања Видиќ и уште многу други кои тој Вучиќ не може да ги смисли. Тие ни во сон не би направиле такво нешто како спортисти и како личности, како она што направил тој Шапиќ.
Како што пренесуваат медиумите во Србија, на еден собир или митинг во Нов Белград, дошло до мешаници, а овој “херојот“ да се “покаже“ ја удрил несреќната жена во пределот на лицето.
Потоа изјавил дека само ја оттурнал и тоа од страв дека нешто можело да му се случи.
Неверојатно…
И на крај, дури и Вучиќ утринава го критикуваше потегот на Шапиќ:
“Нема никако оправдување, тој е функционер и мора да се тргне на страна“ истакна досегашниот претседател на Србија.










