Швајцарците ја средија и Шкотска за втора победа во групата

39
фото: Football Autopsie @FootAutopsie (X)

Швајцарија ја совлада Шкотска со 3:0 на „Хемпден парк“ во второто коло од Лигата на нации во групата во која се наоѓа и нашата репрезентација.

Гостите добија голема предност уште во 10. минута, кога Џек Хендри беше исклучен по прекршок над Дан Ндоје. Само две минути подоцна Рикардо Родригез од слободен удар погоди за 1:0. Швајцарија ја контролираше играта со играч повеќе и до паузата го задржа водството.

Во 59. минута Нико Елведи зголеми на 2:0 по асистенција на Дан Ндоје. Швајцарците продолжија да притискаат и создаваа шанси пред голот на Ангус Ган. Конечните 3:0 ги постави Зеки Амдуни во 82. минута, по нова асистенција на Ндоје.

За Швајцарија ова е втора победа во групата, по триумфот од 3:0 над Македонија во првото коло. Шкотска, по ремито без голови со Словенија, останува со еден освоен бод.

ПретходноПораз од 2:0 и нова тешка “нула” за Седлоски и Македонија!
СледноМакедонија – 540 минути без гол, 10 меча без победа!!!