Македонија У17 подобра од Луксембург во Турново

2

Македонската репрезентација до 17. години попладнево на Стадионот „Кукуш“ во Турново, беше подобра од соодветната селекција на Луксембург со 4:1.

Младите репрезентативци предводени од селекторот Иљами Исеими, одиграа и повеќе од коректен натпревар во кој доминираа и заслужено стигнаа до победа.

Резултатот го отвори Ристиќ во 11. минута, реализирајќи пенал. Николов во 22. минута го даде вториот гол за нашата селекција, само три минути подоцна Крстевски погоди за третиот гол во мрежата на Луксембург во првиот дел.

Во продолжението, Македонија  повторно имаше иницијативата, а Ристиќ во 58. минута повторно беше прецизен од белата точка за конечни 4:1.

Македонија: Мемети, Велевски, Масев, Акики, Полимац, Адеми, Ристиќ, Крстевски, Аксентиев, Никилов, Сивевски

Играа уште:Павлов, Стефановски, Стојанов, Исеини, Фетаи, Марковиќ, Недановски, Куртиши, Седлоски, Јаков

ПретходноУапсен комесарот за делегирање на судии во шампионатот на Турција