ЛН: И Хрватска ја почувствува моќта на Шпанија, Англија подобра од Чешка

66

Шпанија ја совлада Хрватска со 4:1 во еден од најинтересните натпревари второто коло од Лигата на нации. Домашните одлично го отворија натпреварот и поведоа уште во 2. минута преку Ламин Јамал.

Хрватска израмни во 28. минута, кога Дион Бељо со глава погоди по центаршутот на Иван Перишиќ. Само три минути подоцна Шпанија повторно дојде до предност преку Марк Пубиљ, кој погоди со глава по нафрлањето на Јамал. До паузата „црвената фурија“ го контролираше натпреварот и замина со предност од 2:1.

Во второто полувреме темпото опадна, но Шпанија продолжи да ја контролира играта.
Во 63. минута Јамал повторно се запиша меѓу стрелците за водство од 3:1. Конечните 4:1 ги постави Вилијамс во 89. минута.

Во вториот меч од А-сегментот, Англија славеше со 2:0 на гостувањето кај Чешка. Домаќините останаа со играч помалку уште во 24. минута, кога Павел Шулц доби директен црвен картон. И покрај бројчаната предност, Англичаните во првото полувреме не успеаја да го пробијат бедемот на Чешка. Сепак, на стартот од вториот дел гостите го отворија резултатот. Ентони Гордон во 51. минута погоди со глава по одличниот центаршут на Трент Александер-Арнолд. Англија продолжи да го контролира натпреварот и да ја бара втората реализација. Во 69. минута Хари Кејн ја искористи одбиената топка во шеснаесетникот и зголеми на 2:0.

Во рамките на Ц-сегментот, Албанија убедливо славеше кај Сан Марино со 3:0, а Бугарија дома одигра 0:0 со Естонија.

Лига А

  • Шпанија – Хрватска 4:1
  • Чешка – Англија 0:2

Лига Б

  • Шкотска – Швајцарија 0:3
  • Словенија – Македонија 2:0

Лига Ц

  • Финска – Белорусија 0:0
  • Молдавија – Фарски Острови 1:1
  • Словачка – Казахстан 2:1
  • Сан Марино – Албанија 0:3
  • Бугарија – Естонија 0:0
  • Луксембург – Исланд 0:3

 

ПретходноМакедонија – 540 минути без гол, 10 меча без победа!!!
СледноЕвролига: Нова победа на Партизан, нов пораз на Ц. Звезда