Македонската фудбалска репрезентација не успеа да дојде ниту до посакуваните бодови, а уште помалку да постигне гол и да стави крај на црната низа. Вечерва селекторот, Гоце Седлоски и неговите избраници беа поразени на гостувањето кај Словенија во второто коло од Лигата на Нации.
После мечот предводникот на нашиот национален тим ги пофали играчите за добрата игра и најави дека Македонија допрва ќе постигнува голови. Побара трпение, бидејќи подмладувањето на репрезентацијата е причината поради која играме бледо и непрепознатливо.
„И честитам на Словенија за победата. Што се однесува до мечот, моите играчи дадоа се од себе. Од процесот на помладување што го почнав, тука не застанувам. И тие првпат што играа денеска ваков натпревар и останатите оставија срце на терен. Поразт како пораз боли. Не постигнавме гол, но на денешниот натпревар создадовме многу шанси. Овој процес по кој тргнав не застанувам, знам дека е тешко и ќе продолжам по тој пат“, изјави Седлоски, а потоа ја искоментира играта на неколку играчи кои веќе имаат стандардно место:










