Бордо доби нов американски инвеститор и почнува од шеста лига

69

Гигантот на францускиот фудбал, шекратниот првак на оваа земја, тимот на Бордо доби нови власници. Откако клубот банкротираше, стигна во најнизок ранг на натпреварување сега доаѓа зрак на надеж за навивачите на овој клуб.

Имено, откако клубот е продаден за едно евро, а нов сопственик е американскиот инвестициски фонд, „Park Bench“.

Со ова досегашниот сопственик на клубот, Жерард Лопез и официјално заминува по петгодишно владеење со Бордо.

„Оваа трансакција (продажба) беше склучена за симболично евро и преземање на долговите“, соопштија од Бордо, опишувајќи ја продажбата како „важен чекор за иднината“ на клубот. Според француските медиуми, клубот во моментов должи околу 18 милиони евра.

 

ПретходноТаневски: Сакам да видам карактер и дисциплина во играта на репрезентативците
СледноПријателска: Комбинираната Струга ТЛ ремизираше со Новаци