Полувреме за заборав – изненадувачки очаен Пелистер!

203
Фото: Еурофарм Пелистер

Пелистер на домашен терен ја отвори сезоната во Европската Лига, во преполната сала „Боро Чурлевски“ гостува Ла Риоха. На одморот резултатот е 8-16. Ова е далеку од препознатливото ниво на кое битолската публика е навикната. Останува надежта дека Пелистер ќе заигра многу подобро во вториот дел.

Битолчани не влегоа во мечот според очекувањата. Избраниците на Лино Червар во 22 минути постигнаа четири гола, примија 13. Ла Риоха отвори со 0-5, три гола постигна на празна мрежа бидејќи искусниот стратег се одлучи за игра „седум на шест“. Во 12-та минута гостите поведоа со плус седум (2-9), позитива која ја имаа на средината на првото полувреме (4-11). Шпанците не застнаа тука, поведоа и со плус девет (4-13). За ова заслужен беше голманот на гостите, Ледо, кој имаше десет одбрани.

Павле Атанасијевиќ конечно го прекина налетот на противникот (5-13). Саид Хеидарирад кој влезе на местото на Никола Митревски запиша важна одбрана, но неговиот тим не го искористи тоа. Следеше казна, Ла Риоха повторно дојде на плус 9 (5-14). На голема среќа иранскиот голман запиша две нови одбрани, па Шпанците не поведоа со двоцифрена позитива. На одморот резултатот е 8-16.

Ледо, голманот на гостите на одморот има 12 одбрани. Петар Атанасијевиќ е единствениот ракометар на Пелистер со два гола.

ПретходноФА покрена истрага против Арбелоа
СледноРоналдо ја напушти Португалија, па се огласи: Кога ќе дојде време за тоа…