Маџунков повторно во дресот на Струмица

22

ОК Струмица 47&72 во новата сезона во своите редови ќе го има и македонскиот репрезентативен блокер, Филип Маџунков. Тој повторно ќе го носи „сино-белиот“ дрес на струмичкиот клуб.

Маџунков е одбојкар кој потекнува од Струмица и своите први одбојкарски чекори ги направи токму во овој клуб. Со своите настапи и квалитети остави значајна трага во струмичката одбојка, а сега повторно се враќа во средината во која ја започна кариерата.

Од Струмица истакнуваат дека неговото враќање претставува продолжување на една приказна која започнала во нивните младински категории. Со ангажманот на Маџунков, клубот добива дополнително засилување за претстојните предизвици во домашното првенство, но и на европската сцена.

Претходно„Десетка“ ќебапи, утре ќе биде „единаесетка“ во чест на Един Џеко
СледноНов момент во процесот: Казната за Манчестер Сити може да биде одложена до 2027?