Шпанија постави историски рекорд: 13 гола во мрежата на Сан Марино, четири постигна Еспи

1446

Младата репрезентација на Шпанија до 21 година испиша нова страница во историјата со импресивна и апсолутно рекордна гостинска победа од 0:13 против селекцијата на Сан Марино.

Главен јунак на оваа неверојатна фудбалска вечер беше фантастичниот Карлос Еспи, младиот напаѓач на Реал, кој со леснотија ја решеташе противничката одбрана и постигна дури 4 гола. Младите шпанскинадежи одиграа доминантен натпревар од првата до последната минута, поставувајќи нов рекорд.

Досегашната највисока победа на Шпанија на гостински терен беше исто така против Сан Марино, остварена на 11 октомври 2005 година, кога на гостувањето против вечерашниот ривал славеше со 1:10.

ПретходноТаневски: Во второто полувреме покажавме карактер, тоа го барам и во следниот циклус
СледноЕвролига: Конечно блесок и на Црвена Звезда