Панчев ја подари „Златната копачка“ на музејот на Црвена Звезда!(ВИДЕО)

1

Интересно. Како што се пренесува од Ц.Звезда, “Златната копачка“ на Дарко Панчев за сезоната 1990/91 за најдобар стрелец во Европа, со 34 голови, сега е во музејот на некогашниот европски првак и сега шампион на Србија. Едноставно најдобриот македонски фудбалер во историјата, ја подарил “Златната копачка“ на музејот на “црвено – белите“.

Имено Панчев бил замолен од луѓето од Ц.Звезда да им ја даде со цел да се направи реплика за потребите на, ама Дарко направил потег повеќе. Тој рекол дека “Златната копачка“ не е само негов личен успех, дека тоа е успех на целиот клуб во таа сезона кога Македонецот беше најважен дел од фантастичниот успех на Ц.Звезда, кога овој клуб беше европски и светски првак. Па затоа музејот на клубот е вистинското место каде таа треба да биде изложена.

ПретходноГотово е со Роналдо: Селекторот и претседателот на сојузот на Португалија бадијала брзаа на аеродром!