Реал во УЕФА предаде купишта документи за случајот „Негреира“

0

УЕФА потврди дека го примила обемниот материјал што Реал Мадрид го достави во врска со случајот „Негреира“. Документацијата се однесува на истрагата за исплатите од Барселона кон поранешниот потпретседател на судиската комисија, Хозе Марија Енрикес Негреира.

УЕФА соопшти дека нејзините инспектори за етика и дисциплина ќе го разгледаат материјалот во рамките на постојната истрага. Реал Мадрид побара од европската фудбалска централа да преземе дисциплински мерки против Барселона. Меѓу можните санкции е и исклучување од европските натпреварувања за една сезона, доколку УЕФА утврди прекршување на членот 4 од правилникот.

Реал Мадрид претходно побара и разгледување на прашањето за освоените трофеи во периодот опфатен со случајот. Сепак, УЕФА засега нема донесено одлука за одземање трофеи или исклучување на Барселона. Барселона соопшти дека постапката не е повторно отворена, туку дека истрагата започната во 2023 година сè уште трае.

ПретходноНов момент во процесот: Казната за Манчестер Сити може да биде одложена до 2027?