Реми на вториот дуел помеѓу Македонија У17 и Луксембург

42

Македонската репрезентација до 17 години одигра 1:1 против соодветната селекција на Луксембург на вториот контролен натпревар меѓу двете репрезентации, кој се одигра на тренинг-центарот „Пандев“ во Струмица.

Првото полувреме помина во мирна игра, со почетно одмерување на силите и без поизразени шанси за гол на двете страни. На пауза се замина со почетните 0:0.

Во второто полувреме ритамот се подигна, а најголемата можност за Македонија ја имаше Марин Крстевски во 80. минута. Сепак, како по некое непишано правило, по пропуштената шанса следуваше казна, Луксембург поведе со 0:1 со гол во 89. минута.

Нашите млади фудбалери не се предадоа и брзо одговорија. Веќе во 91. минута, по една одлично нафрлена топка во противничкиот шеснаесетник, Илија Аксентиев беше највисок во скокот и со прецизен удар со глава ги постави конечните 1:1.

Селекторот Иљами Исејни го започна натпреварот со комбиниран состав, односно со фудбалерите кои беа на резервната клупа на првиот дуел што го добивме со убедливи 4:1. Во продолжението од средбата тој им даде минутажа и на останатите репрезентативци.

Македонија до 17 години: 12. Димитар Петров, 3. Михајло Павлов, 4. Стефан Стефаноски, 10. Павел Стојанов, 13. Леарт Исеини, 14. Ејсер Фетаи, 17. Огнен Сивевски, 18. Рон Мемеди, 20. Боби Недановски, 23. Благоја Седлоски, 24.  Огнен Јаков;

1. Илан Мемети, 22. Петар Талески, 2. Адриан Велески, 5. Матеја Масев, 6. Амар Акики, 7 Александар Полимац, 8 Дардан Адеми, 11 Марин Крстевски, 15 Илија Аксентиев, 16 Матеј Николов, 19 Далибор Марковиќ, 21 Аулон Куртиши;

Луксембург до 17 години: 12. Фабрис Хилбш, 4. Саша Брушел, 6. Вандир Фигеиредо, 7. Диего Монтеиро, 8. Дилан Рамчиловиќ, 11. Антенори Машадо, 14. Идсон Фигеиредо, 15. Лука Танканен, 16. Диего Милило, 19. Фарел Мехлингер, 20. Харолд Чуечанг;

1. Рин Осарио, 2. Натан Оро, 3. Мак Мемиќ, 5. Хенри Дереса, 9. Адин Такалиќ, 10. Доминико Руџерио, 13. Тино Буџеја, 17. Јан Рибеиро, 18. Џамин Гонсалвеш;

ПретходноУспешно реализиран претсезонскиот семинар за службени лица на КФМ
СледноСо 14 стадиони: Италија и официјално во трката за домаќин на ЕП 2032!(ФОТО)