Миовски и Атанасов во еден здив: Свесни сме за поразите, но против Шкотска заедно со публиката можеме многу

104

Колку и да е селекторот Гоце Седлоски во моментов под притисок, колку и да на јавноста односно публиката и е тешко што ете не можеме никако до позитива, сепак, на играчите им е најтешко. На оние кои што го оставаат срцето на терен секогаш за националниот дрес, но ете во моментов таа жртва не носи резултати.

Бојан Миовски и Јани Атанасов се одважија денеска и излегоа пред македонската јавност за да го најават утрешниот дуел. Не им е лесно секако и на двајцата, затоа што се бараат победи, голови, радости, а поразите никој не ги поднесува.

„Мораме да покажеме заедништо, мора да се сплотиме. Мора да покажеме 100% залагање на терен. Тоа не било проблем никогаш. Шкотска е квалитетна, иако јас лично сметав дека повеќе ќе направат на последниот Мундијал. Квалитетни се. Ние пак мора да играме како колектив, заедно. Атмосферата на стадионот секако дека ни значи. Во Шкотска ете секој меч е преполн. Знаеме дека сме во криза свесни сме за тоа, и сега кога ни е најтешко ќе ни значи многу таа поддршка од публиката“ – рече Бојан Миовски, на што се надоврза, Јани Атанасов.

„Се разбира дека не сме задоволни од поразите. Од како јас сум дел од националниот тим се се случило некој да не даде 100%. Очекувам така да биде и понатаму. Шкотска сериозна селекција, многу значи во европскиот фудбал. Но ние сме мотивирани и подготвени за она што следува“ – рече Атанасов.

ПретходноСедлоски: Критиките нека бидат кон мене, овие момци заслужуваат поддршка
СледноАндонова: Моите родители се вистинските херои, а Македонија ми е во срцето иако не сум дел од репрезентацијата!