Елмас: За Македонија ќе играм додека ме служат нозете

155

Додека македонската фудбалска репрезентација се подготвува за натпреварот против Шкотска во Лигата на Нации, кој се игра утре на Арената „Тодор Проески“, Елиф Елмас во интервју за meridiansport.rs говореше за својата кариера, но и за националниот дрес.

На темата Македонија, тој вели дека сите негови соништа се поврзани со репрезентацијата. Желбата е да игра на Светско првенство, а националниот дрес ќе го носи додека го служат нозете.

„Отсекогаш ми било сон да играм на Светското првенство со Македонија. Тоа е буквално мојата крајна цел. Додека ме служат нозете, тука сум за мојата репрезентација. Доколку е потребно – ќе играм дури и на 40 години“, рече Елмас.

Комплетното интервју можете да го прочитате на следниот ЛИНК. 

ПретходноДамјан отвори болна точка: Очекувам да играме во топли сали!
СледноБизнис Лигата со рекореден број на учесници ја стартува 17-тата сезона!