Арис и Димитријевиќ со пораз на стартот на сезоната во шампионатот на Грција

101

По малку изненадувачки, ама сепак Арис и Ненад Димитријевиќ на старот од новата сезона во шампионатот на Грција се поразени на гости и тоа кај тимот на Кардитцас со 74:68.

Ова беше меч од 1.коло во елитната лига на Грција, ова значи дека Нено и неговиот Арис стартуваа со пораз.

Нашиот најдобар кошаркар на паркетот мина 26 минути а притоа запиша три поени, имаше и пет скокови и седум асистенции. Во тимот на Арис нашиот кошаркарт беше најдобар асистент, а на мечот повеќе асистенции од него имаше само Гкикас од домашниот тим.

ПретходноЈаник Синер повторно откажа, не е познато кога ќе се врати!
СледноИзбраниците на Станковски катастрофално поразени од Русија