Ибра со порака за Роналдо: Дури и лавовите знаат кога е завршен ловот

118

Златан Ибрахимовиќ го критикуваше Кристијано Роналдо по одлуката да го напушти кампот на репрезентацијата на Португалија. Швеѓанецот смета дека Роналдо не требало да си замине без да разговара со соиграчите, оценувајќи го тоа како непочитување кон тимот.

„Не го расипувај наследството што го создаде со своето его. Мора да сфатиш дека повеќе не си млад“, порача Ибрахимовиќ.

Тој се осврна и на сопствениот пример, потсетувајќи дека и самиот настапувал на највисоко ниво пред да стави крај на кариерата.

„Дури и лавовите знаат кога е завршен ловот“, порача Ибрахимовиќ во коментарот за ситуацијата со Роналдо.

ПретходноСветскиот рекордер нема да настапи на ЕП во сала
СледноПретседателот на европските одбојкарски судии денеска ќе предава во Скопје