Попладнево во Подујево во Косово, Шкендија во пријателски меч беше поразена од домашниот состав на Лапи со 1:0. Победничкиот гол за домашните беше Рамадани во 17.минута.
Секако дека ова беше добра можност за стратегот на тетовци, Артим Положани да ја провери моменталната форма на своите избраници и и да им даде шанса на оние играчи кои во изминатиот дел од сезоната немаа голема минутажа.
Во Могила пријателски меч одиграа Пелистер и Брегалница на кој прволигашот од Штип победи со 2:4. Интересно сите шест голови паднаа во второто полувреме. Стрелци за Пелистер беа Ивановски во 57. и Гроздановски во 73.минута, додека за Брегалница погодија В.Николов во 52.минута, како и Велковски во 65., Ѓорѓиев во 87. и Д. Николов во 90.минута.















