Како што беше најавено, Скопје денеска е преплавено со Шкотланѓани. Познатата навивачка група „Тартан арми“ го окупираше центарот на нашиот главен град.
На големо се пие пиво, а сонцето, кое е „реткост“ во Шкотска, е дополнителна причина за одличното расположение… Едноставно, уживаат и се забавуваат.
„Скопје е прекрасен град. Навистина уживаме… Цените на пивото се евтини, а пиеме скопско пиво секогаш кога ќе дојдеме тука. Ние во нашата земја ги имаме сите видови пиво, но тука сакаме да ги пробаме вашите“, ни изјавија навивачите од Шкотска, кои вечерва на Арената „Тодор Проески“ ќе бидат во голем број за дуелот со Македонија.
Ќе се забавуваат пред мечот, за време на него и по него, бидејќи добија џек-пот – денеска е Бела Ноќ…










