Голем гест: Бесарт Ибраими донираше спортска опрема на својот матичен клуб од Кичево!(ФОТО)

160
ФОТО: KF Skendija/FB

Што да се каже освен едно големо браво. Ние одамна знаеме дека Бесарт Ибраими е голем фдбалер, рекордер во ПМФЛ со 230 голови, ама сега покажа дека е и голем човек. Имено легендарниот Бесарт донираше спортска опрема на својот матичен клуб Влазерими од Кичево, во клубот од каде пред повеќе од две децении ја започна својата фантастична кариера. Големината е и во тоа што самиот Бесарт не сакаше да се фали за овој негов гест, ама клубот од Кичево јавно му се заблагодари преку социјалните мрежи и затоа сега знаеме за големиот потег на Бесарт.

Секоја чест, уште еднаш браво.

ПретходноПријателски: Шкендија поразена во Косово, голеадата во Могила за Брегалница
СледноАлиоски, Зајков и Аломеровиќ не се во комбинација за дуелот со Шкотска!?