Светскиот рекордер нема да настапи на ЕП во сала

22
фото: Wanda Diamond League @Diamond_League

Светскиот рекордер во скок со стап, Арманд Дуплантис, нема да настапи на Европското првенство во сала во Валенсија во март 2027 година.

Швеѓанецот одлучи да ја прескокне целата зимска сезона за да се одмори и да се подготви за натпреварувањата на отворено. Дуплантис зад себе има исклучително успешна сезона, во која го подобри сопствениот светски рекорд на 6,31 метар.

Тој истакна дека му е потребен дополнителен период за опоравување по напорниот натпреварувачки календар. Неговиот фокус ќе биде насочен кон подготовките за сезоната на отворено во 2027 година.

ПретходноРобертсон вечерва во Скопје ќе го одигра 100. натпревар во дресот на Шкотска
СледноИбра со порака за Роналдо: Дури и лавовите знаат кога е завршен ловот