Македонија со резервите загуби од Турција

1

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години со пораз го заврши квалификацискиот турнир во Турција.

По двата стартни триумфи над Унгарија и Сан Марино, денеска нашата репрезентација со вториот тим на терен загуби токму од домаќинот Турција со убедливи 0:3.

Стрелци на головите беа Дениз, Карабташ во првиот дел односно Сиваслиоглу во продолжението од мечот.

Селекторот Исејни на денешниот меч ги поштеди првотимците кои што ги донесоа двете победи во првите две кола и шанса им даде на оние кои што немаа минутажа.

Па така, не е јасно зошто едноставно предвреме се откажавме и од трет добар резултат, со што би атакувале на првата позиција и подобро место веројатно во ждрепката за елитниот дел од квалификациите, каде што секако сме пласирани.

 

Табела:

  1. Турција 3 11:0 9
  2. Македонија 3 4:2 6
  3. Унгарија 3 5:9 3
  4. Сан Марино 3 2:8 0
ПретходноБК Лирија се пласираше во борбата за бронзениот медал на France Pro League 2026!