Селекторката на женската младинска ракометна репрезентација на Македонија, Даниела Новеска Вељаноска, го објави списокот со 19 ракометарки на кои ќе смета за претстојната ЕХФ недела.
На списокот се најдоа:
-
Вардар: Марија Дуноска, Симона Миноска, Ања Лашкоска, Елена Балоска, Сара Дамјаноска, Ивана Трифуноска, Јована Павичевиќ, Неда Јанева, Мила Лашкоска и Драгана Тодороска.
-
Ѓорче Петров: Сара Илиоска, Тара Аврамовска, Марија Димоска, Антонела Ѓероска и Бојана Георгиевска.
-
Пелистер 2012: Сара Котевска, Анастасија Тодороска и Еџе Сеједин.
-
Малме: Емма Лазареска.
Собирот на репрезентативките е закажан за понеделник, 23 ноември, со почеток во 17 часот, во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје.










